За нас


Центарот за доживотно учење при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира тренинзи и обуки за професионален развој на компетенции, вештини и стручни квалификации на возрасни, согласно со концептот за доживотно учење (lifelong learning). Активностите на ЦДУ се фокусирани на неформалното образование на возрасните со мисија и цел да се зголемат квалификациите, вештините и професионалниот потенцијал на лицата кои учествуваат во процесот на доживотно учење.

ЦДУ секојдневно ги следи трендовите на пазарот на труд во Република Македонија и подготвува, координира, реализира и спроведува активности чиј бенефит и достапност може да се одвива во текот на целиот живот на возрасните. Делокругот на активностите на ЦДУ се базира на потребите и интересите на заинтересираните учесници од приватната и јавната сфера, без оглед на степенот на образование.


Мисија

Мисија на ЦДУ е да предложи конкретни солуции, базирани на компетенции, искуство и експертиза за доживотното учење да стане достапно до што е можно поголем број заинтересирани потенцијални учесници од различни сектори и нивоа на претходно образование. Активностите на ЦДУ се насочени кон унапредување на знаењето, вештините и способностите на возрасните, како и усовршување на компетенциите, квалификациите и доквалификациите во насока на зголемување на професионален развој на возрасните и креирање перспектива за конкурентност на пазарот на труд.


Визија

Образованието не треба да биде ограничено само на формално образование, туку е потребно да ги опфати неформалното и информалното учење. Овој вид на образование и обуки не треба да се практикува само заради вработување или економски причини, но и како рамка за личен развој.

Развивањето на концептот доживотното учење резултира со одржување и сочувување на позитивниот и активен приод кон учењето на сите возрасти во текот на целиот живот во рамките на трите вида во кои се манифестира образованието/учењето:

  • Формално образование/учење се одвива во рамки на различни образовни институции, преку кое се стекнуваат признати дипломи и квалификации.
  • Неформално образование/учење се одвива независно од официјалниот образовен систем и вообичаено не води кон стекнување на официјални потврди. Ова е сѐ поприсутен облик на учење и е потреба и неопходност на модерното живеење, работа и делување.
  • Информално образование/учење подразбира стекнување на разни видови знаења и вештини кои опфаќаат самоиницијативни и спонтани облици на образование во секојдневниот живот.

Нашата локација

Контактирајте не

  • Phone:
    + 389 032 550 093
  • Email:
    pavlinka.pavlova@ugd.edu.mk
  • Address:
    ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
    П. фах 201
    2000 Штип, Р Македонија